Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

ХУНГАРОРИНГ 2025

ХУНГАРОРИНГ 2025

 
(0 Оцени)

ХУНГАРОРИНГ 2025 31.07/04.08.2025

 

Аранжман со автобуски превоз, 2 ноќевања во Будимпешта,
трансфери до патеката (25 км од сместувањето) во петокот, саботата и неделата и
комплетна туристичка шема во слободните попладневни и вечерни термини.

Аранжман со 2 ноќевања во Будимпешта, ПО ИЗБОР, 2 варијанти:

ВАРИЈАНТА.А… во хостел(*) во строгиот центар на Будимпешта (нема купатило/ВЦ во собите, има на спрат, нема паркинг и пристап за автобус и се оди пешки 150м од автобусот), или

ВАРИЈАНТА.Б… скромен хотел(**) во централното градско подрачје (има купатило/ВЦ и фрижидер во собите, нема клима уред, има паркинг за автобусот непосредно до хотелот),

автобуски превоз Скопје-Будимпешта-Скопје и трансфери од хотелот до патеката во петокот, саботата и неделата

со УЛТРАПРОМОТИВНА ЦЕНА со ограничен рок (зависно од условите на официјалните мрежи за продажба на билети)

по сопствен избор дали
САМО ПРЕВОЗ(+)ХОСТЕЛ(*)/ХОТЕЛ(**)(билетот си го купуваш сам)
или СО ВКЛУЧЕН БИЛЕТ.
(ЗАБЕЛЕШКА: само билети без аранжман не сме во можност да продаваме)

П Р О Г Р А М А

Прв ден, четврток, 31.07.2025 … Поаѓање од Скопје во касните попладневни часови
(времето и местото ќе бидат одредени накнадно, во директен контакт). Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.

 

Втор ден, петок, 01.08.2025 … Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и
директно упатување кон патеката со цел следење на официјалните тренинзи и другите
активности предвидени за тој ден.
Во доцните попладневни часови (обично во петок активностите траат до 18ч), трансфер и сместување (ПО ИЗБОР) во хостел(*)(Варијанта) во строгиот центар на Будимпешта,

или во хотел (**)(Варијанта) во Централното градско подрачје на Будимпешта, 3 трамвајски станици од Строгиот центар, соби 2, 3 или 4-креветни, во зависност од потребите на групата (околу 25 км од Хунгароринг)

Попладневен одмор од патот.
Во вечерните часови, слободно време за индивидуален или заеднички излез по избор до центарот на местото …

Ноќевање

Трет ден, сабота, 02.08.2025 … Поаѓање од хотелот кон патеката во раните утрински8
часови и следење на тренинзите, другите активности и квалификациите.

Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и враќање во хотелот.

Во вечерните часови организирана факултативно посета и разглед на главните знаменитости на Будимпешта: Центарот со познатата Ваци улица, локалитетите Стар Будим и Плоштадот на хероите и слободна прошетка и евентуално заедничко дружење во некој од бројните пабови кои се традиционални собиралишта на Ф1 фанови од целиот свет.

Враќање во хотелот во касните вечерни часови. ..

Ноќевање.

Четврти ден, недела 03.08.2025 … Рано напуштање на хотелот (околу 6 ч) и упатување кон
патеката заради избегнување на гужвите и фаќање добри позиции. По завршувањето на
трката, прогласувањето и сл…, собирање на групата во автобусот и заминување кон
Македонија.

Ноќно возење преку Србија.

Петти ден, понеделник, 04.08.2025 … Пристигнување во Македонија во утринските
часови

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

**(СО БИЛЕТ ( џенерал адмишн (GA), стоење (или седење на тревата)=ВИКЕНД-ПАКЕТ петок/саб/недела)

= 24.500 ден (за Варијанта.А) … (ВАЖИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ од 18.11.2024 натаму до евентуалните измени на условите наметнати од официјалните организатори, ИЛИ ДО … ) … ПОТРОШЕНО

= 28.000 ден (за Варијанта.Б) … (ВАЖИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ од 18.11.2024 натаму до евентуалните измени на условите наметнати од официјалните организатори, ИЛИ ДО 14.01.2025 ) … ПОТРОШЕНО… Можност за дополнителен ограничен контингент после 14.01.2025 со извесна корекција во цената.

**(БЕЗ билет, т.е. со ваш билет) = 17.000 само во Варијантата Б … (можност за х еднакви рати од моментот на резервирањето па се до поаѓањето во јули 2024)

**** СПЕЦИЈАЛНА МОЖНОСТ за неколу пакети со билет седење – трибина Т-1 (одлични места пред првата кривина после стартот), со доплата од 425 евра над основната варијанта (А или Б, седно)

(МОЖНОСТ ЗА РАТИ за аванс за резервација + х еднакви рати од моментот на авансирањето (минимум аванс 40%) па се до поаѓањето во јули 2025. Со авансирањето, цената останува загарантирана како во моментот на авансирањето, без обзир на евентуалните промени до поаѓањето)

МОЖНОСТ ЗА:

БАРАЊЕ ЗА ПРЕСТОЈ САМ ВО СОБА (СИНГЛ) … доплата 1500 ден (во варијанта.А) или 2000 ден (во варијанта.Б)

БАРАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО СЛОБОДНО СЕДИШТЕ ВО ПРЕВОЗОТ … доплата 3000 ден.

ЗАБЕЛЕШКА: СО БИЛЕТ ГA (џенерал адмишн) во петокот и саботата е дозволено да се седи на било која трибина (освен на Супер Голд), а во неделата било каде, по сопствен избор на тревната површина во секторот помеѓу трибините „Бронза“ и „Голд“

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
… Автобуски превоз со лиценциран туристички автобус или ВИП минибус на
наведената релација Скопје-ХУНГАРОРИНГ-Скопје
… Трансферите на групата од хотелот до патеката (околу 25 км) и обратно во петокот,
саботата и неделата.
… 2 ноќевања (без појадок) во наведените сместувања по избор, варијанта А или Б (хостелот и хотелот се веќе резервирани и на барање на заинтересираните праќаме линк)

… Билет ГА-Стоење (тревната површина) за петок/саб/недела, за тие што ќе изберат варијанта со вклучен билет.
… Организација на патувањето со 24 часовна придружба од страна на лиценциран
видич-придружник.

ЗАБЕЛЕШКА.1: За овој аранжман е потребно пасош со важност од најмалку 3 месеци после терминот.
ЗАБЕЛЕШКА.2: Препорачливо е поседување на меѓународно патничко осигурување
кое може секој индивидуално да го добие кај својот осигурителен агент и чини околу
100 денари од ден.
ЗАБЕЛЕШКА.3: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15
пријавени патници
. (ПОСТИГНАТО, Реализацијата е СИГУРНА, бројот е ОГРАНИЧЕН!!)

ЗАБЕЛЕШКА.4: САМО БИЛЕТ не сме во можност да продаваме, ниту да држиме залихи откако ќе се потрошат на официјалните продажни мрежи од организаторот на настанот.

ПОЛИТИКИ ЗА РЕФУНДИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ:

– Ако откажувањето е најавено 20+ дена пред настанот, делот за превоз, сместување и сл. се рефундира 100% од уплатеното, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 10-19 дена пред настанот, се рефундира 75% од делот за превоз, сместување и сл, а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 4-9 дена пред настанот, се рефундира 50% од делот за превоз, сместување и сл,  а делот за влезница во склад со точка 1.
– Ако откажувањето е најавено 0-3 ден пред на настанот, се рефундира 0%.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register