Македонија
Македонија е земја која што е заградена во нејзините граници и не излегува на море или океан. Таа географски е дефинирана со долината која што ја формира најголемата река на нејзината територија - Вардар, која се граничи со повеќе планински вериги. Во главно земјиштето е нерамно и сместено меѓу Шар Планина и Осогово кои се границата на долината на реката Вардар. Трите најголеми природни езера во државата се — Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Тие лежат на јужната граница, и се поделени меѓу границите со Албанија и Грција. Охридското Езеро се смета за едно од најстарите езера и биотопи во светот.
Регионот е сеизмички активен и во минатото се случиле многу катастрофални земјотреси, од кои најблизок е скопскиот земјотрес од 1963 кој сруши 80% од градот Скопје и уби околу 1.000 луѓе. Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје, како на пример тутунот кој најмногу се одгледува во околината на Прилеп.
44,01% од вкупната територија на Македонија е со надморска височина од 500 до 1.000 метри, 22,44% е со надморска височина од 200 до 500 метри, 22,33% е со надморска височина од 1.000 до 1.500 метри, 6,95% е со надморска височина од 1.500 до 2.000 метри, 2,89% е со надморска височина до 200 метри и 1,38% е со надморска височина од над 2.000 метри.[33] Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:
Македонија исто така има и „сценски“ планини. Тие припаѓаат на две различни планински вериги: првата се планините од шарскиот предел која се надоврзува со западновардарската/пелагониска група на планини (Баба Планина, Ниџе, Кожуф и Јакупица) исто така позната како динарска верига. Втората верига е планинскиот ланец Осогово-Беласица, позната под името родопска верига. Планините во западниот дел се помлади и повисоки во однос на оние од источниот дел на земјата.
Генерални информации
Република Македонија има површина од 25.713 км2 и нема излез на море. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија и Република Косово, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 839 км
Дестинации
Изберете дестинација
Поставете ни прашање
Доколку имате прашање што сакате да ни го поставите, истото можете да го направите преку формата подолу