Албанија
Површината на Албанија изнесува 28.748 км2, и според неа се наоѓа на 139 место во светот. Врз поголемиот дел (70%) од територијата на Албанија се простираат планини, како Северните Албански Алпи, па Динарските Планини, Централните Планини (вклучувајќи го и највисокиот врв Голем Кораб, кој се наоѓа на планината Кораб на границата со Република Македонија со висина од 2.764 м). Јужните планински масиви се наоѓаат во Јужна Албанија. Шумите покриваат од 40 до 47% од албанската територија, додека 50% од одгледуваното земјиште има иригација. Двата главни речни басени, реките Дрим и Војуша (Вјоса), ја карактеризираат западната хидрологија на државата. Јужната половина на Албанија е геолошки (сеизмички) активна зона.

Албанија на северозапад се граничи со Црна Гора, Косово на североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Целата должина на земјишната граница на Албанија изнесува 717 км од кој 282 км со Грција, 151 км со Македонија, 112 км со Косово 172 км со Црна Гора. Крајбрежјето е долго 365 км.
Генерални информации

Дестинации
Изберете дестинација
Поставете ни прашање
Доколку имате прашање што сакате да ни го поставите, истото можете да го направите преку формата подолу