Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

ВИЛА БОГОЕВИЌ-Сутоморе

ВИЛА БОГОЕВИЌ-Сутоморе

 
(0 Оцени)

Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.

Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа  и ги нуди следниве капацитети:

ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( колона 1 од табелата ). На третиот кат дел од собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер ( колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА   СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани. Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер,тв,тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената (колона 3 од табелата).

ВИЛА   СКАУТ 1 располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима,тв, фрижидер и со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. (колона  3  од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.

ВИЛА   ЕКСКЛУЗИВ  располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. (колона 4 од табелата)

смена Период Вила Богоевиќ Вила Скаут / Скаут 1 Вила Ексклузив
1 2 3 4
1 14.06-23.06 155 170 180 200
2 23.06-02.07 165 190 200 210
3 02.07-11.07 185 200 220 240
4 11.07-20.07 195 210 250 270
5 20.07-29.07 195 210 250 270
6 29.07-07.08 195 210 250 270
7 07.08-16.08 195 210 250 270
8 16.08-25.08 185 220 240 250
9 25.08-03.09 165 190 220 230
10 03.09-12.09 155 170 200 220

 

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

(9 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз).

– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

– Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра) за сместување во 1/3 соба

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба

-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст

– Дете до  5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).

 

* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.

* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место

Попустот важи за сместување со две возрасни лица

 

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје ( паркингот кај Борис Трајковски ) – 05.00 часот

  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

 

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

 

 

 

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register