Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

ИСТАНБУЛ 8ми март

ИСТАНБУЛ 8ми март

 
(0 Оцени)

И С Т А Н Б У Л

 

,,Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзин главен град”’ – Наполеон Бонапарта

 

Истанбул е вториот најголем град во Европа и осмиот по големина во светот со 14 милиони жители. Ова е еден од најживописните градови на планетата, а многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“. 

Од утро до мрак градот пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезги. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија. 

Без разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт-музеи или да ги видете зашеметувачките византиски мозаици, да прошетате низ векови старата чаршија.Истанбул вреди да се посети, и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.

 

1 ден 03.03.2022 (Четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата и поаѓање од градовите:

-Кавадарци

-Неготино

-Велес

-Скопје

Ноќно патување со попатни паузи.

 

2 ден 04.03.2022 (Петок) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во предпладневните часови, сместување во хотел. Хотелот се наоѓа во областа Лалели.

По сместувањето со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали чаршија до посета на:

– Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), а денес е познат како плоштад Султан Ахмет важно место за градот во текот на целата историја со своите различни ознаки од времето на византискиот, римскиот и осмалинскиот период,

– Можност за индивидуална посета на Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња),

– Можност за индивидуална посета на Аја Софија (најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија потоа се прогласува за музеј и беше една од најпосетуваните атракции во Истанбул за денес претседателот Ердоган повторно да ја претвори во џамија),

-Палатата Топ Капи – музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град.

Слободни активности. Можност за шопинг во Капали Чаршија, покриената чаршија од 61 уличка и околу 4.000 продавници. Вечерта предлагаме Ноќно крстарење по Босфорот придружено со ориентални танци вкусна храна, неограничени пиалоци и 3 часовно ориентално шоу

Ноќевање.

 

3 ден 05.03.2022. Сабота  ИСТАНБУЛ

Појадок.

– Панорамски разглед со локален водич на градот,

– Посета на Вселенската  Патриаршија, возење покрај Златниот Рог и Железната црква како и фотографиранје пред Галата Кула

– Кафе пауза на Таксим, најпознатиот  плоштад во Истанбул,

– Незаборавното крстарење по Босфорот,

– факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање,

– Факултативна посета на Miniaturk овде може да ги видеме најпознатите градби на Турција  во минијатурно издание , прекрасно место за добри фотографии.

– Слободни активности.

– Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција

 Ноќевање.

 

4 ден 06.03.2022 (Недела) ИСТАНБУЛ

Појадок и одјавување од хотелот.

За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење  со попатни паузи.

 

5 ден 07.03.2022 (Понеделник) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 4.500 мкд. (за уплата до 31.01.2022)

Редовна Цена: 5,500 мкд.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во 3* во Истанбул;
  • посета на Хиподромот;
  • посета на Сината Џамија;
  • посета на Аја Софија;
  • посета на Капали чаршија;
  • посета на Таксим;
  • посета на Гала Кула;
  • посета на Вселенската Патриаршија;
  • посета Трговски центар Форум, Икеа, Декатлон;
  • пешачки разглед со локален водич;
  • професионален туристички придружник;
  • организација и реализација на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • панорамски разглед 10€ – задолжително;
  • крстарење со брод по Босфор – 20€;
  • посета на Долма Бахче Сарај(превоз влезница локален водич) – 25€
  • посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 25€;
  • посета на Miniaturk (влезница,превоз, локален водич) – 10€;
  • посета на Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција (влезница и превоз) – 20€;
  • посета на АквариумотTurkuazoo ( превоз , влезница) – 20€;
  • здравствено патничко осигурување (задолжително) – (отприлика 200 ден)

Напомена:

 

  • За реализација на аранжманот потребен е 40 патници;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Уплата исклучиво во денари.

 

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА

Ве информираме дека при влез во Р. Турција, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

  • Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас,
  • Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас
  • Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.

Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат „Електронски формулар“ во последните 72 часа пред нивното патување на следниот линк:  https://register.health.gov.tr

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

 

 

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register