Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Кирил и Методиј 24 мај 2022-Прага

Кирил и Методиј 24 мај 2022-Прага

 
(0 Оцени)

ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ВИЕНА 2НП

Термин 20 Maj

1 ден 20.05.2022:  СКОПЈЕ –  ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот  12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи

 2 ден  21.05.2022: ПРАГА:

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со водич : Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник – Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки.   Ноќевање.

3 ден 22.05.2022: ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време.  Предлагаме  посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки… Ноќевање 

 

4 ден 23.05.2022: ПРАГА – ВИЕНА:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…. Слободно време во Виена. Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 24.05.2022 : СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во  пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 30.04.2022: 109 евра / 6.760 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 евра / 8.000 денари

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
  • Посета и разглед на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 175 мкд
  • Разглед на Прага со локален водич  (15€)
  • Факултативен излет Карлови Вари (30€)
  • Крстарење со брод по В лтава  (20€)
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (40€)
  • Туристичка такса 2 евро по лице на ден
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

  • НАПОМЕНИ
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање

 

 

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register