Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Отварање на СКИ сезона-Мујен Лукс-Копаоник

Отварање на СКИ сезона-Мујен Лукс-Копаоник

 
(0 Оцени)

09.12 – 12.12.2021  3 Ноќевања со појадок .

ПАКЕТ СО ПРЕВОЗ  139 евра по лице/ 8.620 денари

ПАКЕТ БЕЗ ПРЕВОЗ  100 евра по лице/ 6.200 денари

 

Традиционално отворање на новата ски сезона 2021/2022 на Копаоник, период од 09-12 декември 2021година. Прв пат е одржана 2010

година, со цел на симболичен начин да се одбележи отворање на ски сезона. Секоја година привлекува се повеќе гости од целиот регион.

Омилен зимски центар помеѓу помлада популација поради добрата забава и богатиот ноќен живот. Забавата во текот на четирите дена ги

загрева сите скијачи со многубројни промоции, модни ревии на отворено како и целодневна забава со популарни бендови и DJ-и.

Првите денови од сезоната поминете ги на снегот во скијање, бордање, санкање, ски натпревари, наградни игри, модни ревии.

Копаоник е најголем ски центар во Србија и е еден од најубавите во овој дел со просечно 160 дена под снег, од крајот на ноември до првите

мајски денови. Заради поволната клима со скоро 200 сончеви денови годишно, го заслужува своето второ име – Сончева планина.

Освен спортот и традицијата и вкусната кујна е она што ги привлекува туристите во Копаоник.

Копаоник нуди преку 62 км уредени патеки за алпско и нордиско скијање. Поседува и уреден snow-board парк, за најмладите е изграден нов,

современ, обезбеден простор со подвижна трака и карусел, 24 жичари и ски лифтови со капацитет од преку 33.000 скијачи на саат (3

шестоседни жичари, 7 четвороседни, 4 исклопиви четвороседни со голема брзина и 3 фиксни четвороседни со подвижна трака, 2 двоседни

жичари и 12 ски лифтови.

 

APARTHOTEL MUJEN LUX KOPAONIK

 

На над 2000 мнв, во мирниот дел на Копаоник, се наоѓаат апартманите МујЕн Лукс. Опкружени со недопрена природа, чиј поглед секој ден

започнува со задоволство, ќе ви овозможи врвен одмор на Копаоник. Тие се наменети за сместување на повремени патници, скијачи, студенти,

ученици, парови, љубители на планина, неразделни пријател и семејства. Опремени да ви понудат луксуз, функционалност и удобност во исто

време, апартманите MujEn Lux, по вашиот прв престој, стануваат место што го сакате и место во кое секогаш се враќате.

Wellness & Spa центарот овозможува целосна релаксација, ментална одвоеност од секојдневниот стрес. Со релаксирачка музика и

примамливиот мирис на етерични масла, изберете масажа што ќе ве опушти и ќе ви го разубави денот. Во пријатен ориентален амбиент,

можете да ја подобрите виталноста на целото тело со голем избор на масажи. Опуштете го вашето тело и зајакнете го вашето здравје во

инфрацрвената и финската сауна, џакузи, парна бања, затворен базен или на тепидариум со поглед на долината.

Цена на аранжманот 139 евра по лице/ 8.620 денари

 

 

 

Цената вклучува:

 3 ноќевања со појадок во апарт хотел Mujen Lux

 Превоз на релација Скопје – Копаоник – Скопје

 Организација на патувањето

 Пратител на групата за цело време на престојот

 Користење на Wellness & Spa центарот

 

Цената не вклучува:

 задолжително патничко осигурување

 туристичка такса 1,5 евра од ноќ по лице

Програма на патување:

1 ден – 09 декември (четврток)

Состанок на групата во утринските часови од паркингот пред Вип хотел.. Се патува преку граничниот премин Блаце, Косово, граничен премин

Косовска Митровица, со попатни паузи на граничните премини. Планирано пристигнување на Копаоник околу 13 часот. Сместување во хотел.

Слободно време за одмор.

Попладне планирана прошетка до центарот и запознавање со околината. Враќање во хотел и подготвување за вечерна забава.

Ноќевање.

2 – 3 ден – 10 и 11 декември (петок/сабота)

Време за забава, скијање, санкање, дружба, релаксација во спа центар.

4 ден – 12 декември (недела)

Околу 09 часот напуштање хотелот, слободно време до 14 часот и тргнување за Скопје. Се патува преку Косово. Планирано пристигнување во

Скопје вечерните часови.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register