Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Продолжен викенд во Јуни на Санторини

Продолжен викенд во Јуни на Санторини

 
(0 Оцени)

1 ден 09.06.2022 (четврток) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата на паркингот хотел Вип во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2 ден 10.06.2022 (петок) АТИНА/ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари. Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот  водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус  враќање во Камари. Ноќевање.

ден 11.06.2022 (сабота) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas, кој се наоѓа на највисоката точка на островот,посета на сега главниот град Фира каде ќе имаме можност за индивидуална прошетка и фотографирање,разглед,шопинф и индивидуален ручек во некоја од локалните таверни,преубав поглед од Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари/Периса, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

ден 12.06.2022 (недела) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 5 еур. при самиот влез, од каде се имаат можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA  Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Време за слободни активности. Ноќевање.

5 ден 13.06.2022 (понеделник) – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокор напуштање на собите во период од 10:00 до 11:00ч.Багажот во автобус,сите оние кои не одат во посета на винарија не чекаат на договорено место и време за поаѓање ,а сите други заинтересирани се упатуваме на  Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.GKoutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч.  Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот ден 14.06.2021 (вторник) во утринските часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

  • Превоз со високо туристички автобус на релација (кој е на располагање и на Санторини)
  • 3 ноќевања со појадок на Санторини
  • Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
  • Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој
  • Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини(2ри ден по програма) – 10€
  • целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич, 3ти ден по програм) – 35€
  • целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, 4ти ден по програм) – 40€
  • посета на винарија (автобус+водич+влезница  за винарија, резервација и дегустација на вино (5ти ден по програма) – 20€
  • Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците )
  • Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.
  • Дете до 1,99 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
  • Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060 ден.
  • Второ дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа минус 20% од вкупната сума на аранжманот.
  • Туристичка такса 6 еур по особа за целиот престој.(се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително здравствено патничко осигурување

НАПОМЕНА :

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Тестирањето за
  • Во зависност од моменталните услови за патување надвор од државата и влез во државата во која се патува се почитуваат моменталните мерки за патување.Секој патник кој би правел и добие позитивен тест уплатените средства од уплатениот аранжман се враќаат на трансакциска сметка на патникот или по предлог напатникот вршиме замена на имиња на патници.
  • Хотелите се со 2*или 3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • Целосна доплата 10 дена пред патување.
  • За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
  • Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии.
  • При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети.

ДОПЛАТА ЗА :

  • Авионски седишта на брод доплата 35€/2.170 денарипо правец
  • Бизнис класа на брод доплата 55€/3.410 денарипо правец
  • Кабина за спиење на брод 109€/6.760 денарипо правец

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:

  • Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денарипо правец
  • Бродски превоз по лице 50€/2.760денарипо правец (економска класа)

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register