Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Санторини 3НП – 24-ти Мај

Санторини 3НП – 24-ти Мај

 
(0 Оцени)

Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA, на 260 м над површината на морето.


ден 23.05.2023 (вторник) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата на паркингот хотел Вип во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2 ден 24.05.2023  АТИНА/ПИРЕА – САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари/Периса. Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот  водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во договор со групата   враќање во хотел. Ноќевање.

 3 ден 25.05.2023  – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа,магичното селце Пиргос кој се наоѓа на една од највиспките точки на островот после манастирот Сент Илијас,посета на сега главниот град Фира каде ќе имаме можност за индивидуална прошетка и фотографирање,разглед,шопинф и индивидуален ручек во некоја од локалните таверни,преубав поглед од Калдера.,  Во вечерните часови посета на OIA најмонденското гратче на островот кое ќе не остави без здив,можност за прошетка низ прекрасните улички кои водат до најпривлечните места за фотографирање кои ги гледаме како фотографии со познати светски глумци и личности ,и од каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари/Периса. Ноќевање.

4 ден 26.05.2023  – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 5 еур. при самиот влез, од каде се имаат можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA  Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Време за слободни активности. Ноќевање.

5 ден 27.05.2022  – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ
Појадок
. По појадокор напуштање на собите во период од 10:00 до 11:00ч.Багажот во автобус,сите заедно се упатуваме на Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.GKoutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини(патниците кои не уплатиле посета на музеј и винарија ја чекаат групата во дворот на винаријата). По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч.  Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот

 ден 28.05.2021(недела) во утринските часови.

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

  • Превоз со високо туристички автобус на релација (кој е на располагање и на Санторини)
  • 3 ноќевања со појадок на Санторини
  • Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
  • Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој
  • Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини(2ри ден по програма) – 10€
  • целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич, 3ти ден по програм) – 45€
  • целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, 4ти ден по програм) -45 €
  • посета на винарија (автобус+водич+влезница  за винарија, резервација и дегустација на вино (5ти ден по програма) – 20€
  • Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците )
  • Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.
  • Дете до 1,99 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
  • Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060 ден.
  • Второ дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа минус 10% од вкупната сума на аранжманот.
  • Туристичка такса 2 еур од ден по лице .(се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за места во автобус до 20-то број на седиште ———-20€ по лице.
  • Задолжително здравствено патничко осигурување

ЗА УПЛАТА НА ЦЕЛИОТ ПАКЕТ НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 100 ЕУР ПО ЛИЦЕ


НАПОМЕНА :

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Тестирањето за
  • Хотелите се со 2*или 3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • Целосна доплата 15 дена пред патување.
  • За рана уплата потребна е уплата од 50% од вкупната сума на аранжманот.
  • Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на рана уплата или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии.
  • При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ —— 269€/ 16 060 ден.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register