Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Нова Година САРАЕВО 2022

Нова Година САРАЕВО 2022

 
(0 Оцени)

         САРАЕВО – МОСТАР –

 МОКРА ГОРА – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА

       СО ПОСЕТА НА ТЕРМАЛНА РИВИЕРА

 

Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина. Лежи во тесната долина на реката Миљачка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.

Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“, тој е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри(1984).

 

Прв ден: 30.12.2021 (четврток) Кавадарци – Сараево.

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

Втор ден: 31.10.2021(петок) Сараево.

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Врело Босна, Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант,  улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите….Смесување во хотел. Можност за факултативан посета на термална ревиера во хотел Хилс 5*. Вечерта дочек на Новата 2022 година на полоштад(програмата дополнително ке биде објавена).

 

Трет ден: 01.01.2022 (сабота )Сараево – Мостар – Сараево.

Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот-атомското скривалиште  на Тито во Коњиц а пота се продолжува кон Јабланица  со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево.Можност за користење на Свечена вечера во рестора во хотел Холивуд 5*(реприза на новогодишна ноќ).

 

Четврти ден: 02.01.2022(недела)Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кавадарци

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Посета на единсвената музејска железница Шарганската Осмица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи.

Петти ден.03.01.2022.(понеделник)

Пристигнување Кавадарци во утринските часови.

 

      ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ 5.800 ден

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
  • Разгледување на Сараево со локален водич;
  • Придружник на групата.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
  • Полудневен излет до Мостар и разглед + посета на Бункерот на Тито – 30 евра

(1860 ден) (минум 35 патници);

  • Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* со везница и превоз – 10 евра (ден ) (миниум 10 патници);
  • Свечена Вечера во хотел Холивуд 5* – 20 евра (миниум 10 патници);
  • Влезници за културно-историските споменици;
  • Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3е се плаќа при влез);
  • Туристичка такса 2 евра се плаќа во автобус;
  • Доплата за 1/1 соба е 2.200 ден.

 

НАПОМЕНИ:

  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
  • За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
  • Може да се патува со лична карта.

 

***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.

 

 

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

 

Ве информираме дека при влез во Босна и Херцеговина  според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас, или

* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

 

Среќна  Нова 2022 година Ви посакува T.A Кондор

 

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register