Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Србија-фестивал на Куглофот во Сремски Карловци

Србија-фестивал на Куглофот во Сремски Карловци

 
(0 Оцени)

ХЕДОНИСТИЧКА ТУРА НА ЈУГОТ ОД БАЧКА

 

Време е за фини нешта… За еден од најживописните градови во Срем, за раскошна архитектура, за ремек дела на српскиот барок, за највкусниот колач… Велат дека Германците го прават најубавиот калап за него, Французите  одлично го подготвуваат, но карловачкиот е незаменнлив… Куглоф, со виното Бермет наместо со млеко!

 

ВРЕМЕ Е ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА КУГЛОФОТ ВО СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

(26.05.2022 – 29.05.2022)

 

Прв ден: 26.05.2022 (четврток)

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни одмори.

Втор ден: 27.05.2022 (петок)

Пристигнување во претпладневните часови во престолнината на културата-српскиот Оксфорд како што го нарекуваат Сремски Карловци, малиот шармантен град во Војводина кој долго време бил под власта на  Хабзбуршката Монархија. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој дише со отменост и аристократија. Се вели дека Патријаршијата е една од најубавите згради во Србија. Изградена е кон крајот на 19.век во стилот на Италијанските палати на местото каде некогаш се наоѓал Пашин конак, првото седиште на поглаварот на Српската Православна Црква. Денес е седиште на Сремскиот епископ и летна резиденција на Српскиот патријарх. Друг импозантен објект е Соборната Црква „Свети Никола“ која претставува ремек дело на српскиот барок во која се наоѓа и кивотот на Свети Арсеније Сремац. На централниот плоштад во градот доминира прочуената чешма Четири Лава изградена во 1799 година во чест на отварањето на првиот карловачки водовод. Легендата вели дека секој кој ќе се напие вода од оваа чешма повторно ќе се врати во Карловац. Тука е и најстарата Карловачка Гимназија подигната во 1891 година како задужбина на патријархот Герман, а од почетокот на 20. век наставата во неа е достапна и за девојките. Во беспрекорно уредениот двор ќе не` пречека биста. Пишува Бранко. Доволно. Се знае кој е, само еден е во Карловци (Бранко Радичевиќ, српски поет). По организираниот разглед, се упатуваме кон сместувачките капацитети: хотелот „Premier Prezident“ 5***** (https://premierprezidenthotel.com) и вила „Prezident“ 4**** (https://vilaprezident.com ). Кога ќе влезете во хотелот кој се наоѓа во самиот центар на градот имате чувство дека чекорите низ дворец од периодот на барокот… со својот архитектонски дизајн посетителите ги враќа во екстравагантната епоха и им овозможува барем за кратко да побегнат од сегашноста и да доживеат луксуз во каков уживале само кралските семејства. На гостите им е на располагање wellness&spa центар со затворен базен (теретана, сауна, џакузи). Вилата „Prezident“ 4* која е оддалечена еден километар од хотелот и се наоѓа на падините на Фрушка Гора во целост ќе Ви ја долови Војводинската атмосфера… автентичен амбиент со рустична тераса од која можете да уживате во феноменалниот предел. На гостите им е на располагање затворен базен и сауна. Слободно време за одмор и за уживање во содржините на сместувачките капацитети. Во попладневните часови индивидуални прошетки во Сремски Карловци низ централниот плоштад каде е поставен изложбениот простор како составен дел на манифестацијата Фестивал на куглофот. Тука, во традиционални дрвени куќички се изложени карловачки вина, занаетчиски производи, антиквитети, рачно изработени сувенири… Во непосредна близина на плоштадот, во зграда која е под заштита на државата, во куќа која потсетува на едно минато време сместен е и Музејот на куглофот наречен „Геа“. Најпрво бил замислен како место каде само би се продавале куглофи, но подоцна прераснал во простор во кој се наоѓаат најразлични предмети кои го оплеменуваат овој занает: калапи за печење, рачни машини за мелење ореви, ваги со тегови, рачни маталки, стари ормари и креденци…Тука не само што ќе ја слушнете приказната за историјатот на куглофот, туку ќе можете да ги дознете и тајните за подготовка на овој колач. Ноќевање.

Трети ден: 28.05.2022 (сабота)

Појадок. Следење на Фестивалот на куглофот на плоштадот во центарот на градот. Фестивалот има традиција од 2002-ра  година кога Фондацијата „Завичајна куќа“ под слоганот „Ником није лепше нег је нам, ми се дружимо, а тесто расте ли расте“ го организира првиот Фестивал на куглофот. Тогаш Зорица Љубичиќ од Сремски Карловци победила на фестивалот со својот оригинален рецепт-наместо млеко во тестото ставила вино бермет, додала малку цимет, а наместо лешници и бадеми користела печени ореви. Така настанал оригиналниот карловачки куглоф кој потекнува уште од античкото време. Извесен период бил заборавен, но повторно е откриен во 17. век. кога се  појавил на Виенската трпеза околу која Хабзбуршката монархија ја славела победата над Турците. Во текот на овој ден, во времето од 10.00 до 12.00 часот сите натпреварувачи ги предаваат своите подготвени експонати-куглофи на комисијата која треба да го избере најдобиот колач за 2022 година. Од 11.30 часот тргнува фестивалската поворка, а во 13.00 часот ќе бидат прогласени победниците на годинашниот фестивал и доделени наградите. Првите тројца пласирани пред публиката започнуваат со подготовка на својот куглоф по рецептот со кој учествувале во оценувањето и ја освоиле наградата. По завршувањето на официјалниот дел од фестивалската манифестација, ни претстои слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта е резервирана за ново уживање-во автентичниот вински подрум во состав на вилата „Prezident“ организирана е боемска вечер со звуците на тамбурашите и пригодна вечера.

Четврти ден:29.05.2022 (недела)

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Во договореното време се одјавуваме од хотелите и заминуваме кон Нови Сад. Организиран разглед на централното градско подрајче: Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, зградата Железен човек, Змај-Јовината улица, Соборната Црква, Дунавската улица, Дунавскиот Парк… Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

(цената се однесува за сместување во хотелот „Premier Prezident“ 5*****)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена:

 

– Цена на аранжманот за сместување во вилата „Prezident“ 4**** – 149 евра по лице (9.240 денари)

– Цена на аранжманот за сместување во луксузни апартмани со џакузи во хотелот и во вилата – 199 евра по лице (12.340 денари)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Две ноќевања со појадок во „Premier Prezident“ 5* или во вила „Prezident“ 4* во Сремски Карловци
  • Користење на затворените базени и сауните во хотелите
  • Вечера со музика во живо во винскиот подрум во вилата „Prezident“
  • Организиран разглед на Сремски Карловци и Нови Сад
  • Локален туристички водич за време на разгледите
  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса – 1,5 евра по лице од вечер

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 10-ти мај 2022 година

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register