Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

РАФТИНГ НА НЕРЕТВА и САРАЕВО 01.06-05.06.2023

РАФТИНГ НА НЕРЕТВА и САРАЕВО 01.06-05.06.2023

 
(0 Оцени)

РАФТИНГ НА НЕРЕТВА и САРАЕВО

 

Доживејте незаборавна рафтинг авантура на Неретва – една од најдобрите реки во Босна и Херцеговина за рафтинг патување.
Рафтингот започнува во Коњиц, на само 1 час од Сараево
Дојдете и почувствувајте го адреналинот во брзаците на белата вода.
Погледнете ја прекрасната глетка на реката Неретва, која е издлабена низ длабока карпеста долина.
Почестете се со скара.
Забавувајте се малку.
Ајде да одиме на рафтинг на Неретва!

 

 

Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина.

Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.

НареченЕрусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“, е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри(1984).

 

 

Прв ден: 01.06.2023 (Четврток ) Кавадарци– Сараево.

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

 

Втор ден: 02.06.2023 (Петок) Сараево

Пристигнување во градот Вишеград. Го Посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ.Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град” познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.

Патувањето продолжува кон Сараево.Пристигнување во пладневните часови. Пешачки Разглед на градот со локален водич и посета на : градската куќаЛатинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, катердалата Срце ХристовоСоборната црква Св. ТројцаГази Хусрефбегова и Царската џамијаБашчаршијамостовите….Смесување во хотел.

*Можност за факултативан посета на термална ревиера во хотел Хилс 5*. Ноќевање.

Трет ден: 03.06.2023 (Сабота)  Рафтинг на Неретва

Појадок. По појадокот предвидена факултативно посета Рафтинг на Неретва

Неретва Рафтинг комплетен пакет
Сè што ви треба за да поминете цел ден на незаборавно рафтинг искуство во Босна и Херцеговина. Неретва Рафтинг пакет вклучува:
-Патувањето започнува во 10 часот. во Коњиц (1 час од Сараево )
Ве транспортираме преку планински премин до местото каде што ќе го започнете вашето рафтинг патување.
Ви ја обезбедуваме целата потребна опрема: мокри одела, елеци за спасување, кациги и водоотпорна торба.
Ќе сплавувате 25 километри по реката Неретва, околу. 3-5 часа со искусен скипер (инструктор за рафтинг).
Ќе почувствувате адреналин на 4 брзаци, ќе поминете под туш со водопад, ќе пиете вода директно од природен извор, ќе уживате во вкусна скара(месо на скара, зеленчук, пита леб) во кањонот Ракитница, ќе скокнете од карпи до длабока вода, пливајте во брзаци. Патувањето е многу забавно и безбедно дури и за децата.
Рафтинг патувањето завршува во Коњиц попладне

 

 

За патницте кои не сакаат да учествуваат во рафтингот  на Неретва ако се повеке од 25 патници им нудиме можност за посета на бункерот на Тито  ,Јабланица и Мостар.

 

Посета на Бункерот – атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мостулицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.

Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање

 

Четврти ден: 04.06.2023 (Недела) Сараево- Босански Пирамиди – Дрвенград – Кавадарци

 

Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот – Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечинатана Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот Равно 1 во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.

 

***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот.

 

Заминување кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеа на Емир Кустурица. Посета на единствената музејска железница Шарганската Осмица.

.

Враќање кон Македонија со попатни паузи.

 

Петти ден: 05.06.2023 (Понеделник)

Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО.03.2023:105€/6,510 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ125€/ 7,750 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
  • Разгледување на Сараево со локален водич;
  • Разглед на Андрич град, Дрвен град;
  • Посета на железницата Шарганска осмица;
  • Придружник на групата.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
  • Рафтинг на Неретва (превоз+опрема +скара+инструктори) 60 евра
  • Полудневен излет до Мостар и разглед +влезниза за посета на Бункерот на Тито–40евра (минум 25 патници);
  • Постета на Босански Пирамиди 25 евра (миниум 35 патници)
  • Разглед и посета на Дрвенград(влез 1-3е се плаќа при влез);
  • Туристичка такса 2 евра-се плаќа во агенција;
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости

 

НАПОМЕНИ:

  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
  • За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
  • Може да се патува исо лична карта.
  • ***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.

.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register