Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

8ми декември ПРАГА

8ми декември ПРАГА

 
(0 Оцени)

Прага ( Карлови Вари – Пандорф – Виена)- 2НП 8-ми Декември

€119,00

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

 

Термин 08 Декември

1 ден:  08.12.2021 СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 09.12.2021  ПРАГА:

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден: 10.12.2021 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во попладневните часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време за прошетки низ Прага.  Ноќевање 

 4 ден :11.12.2021 ПРАГА – ВИЕНА:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  PARNDORF . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…  Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5ден :12.12.2021 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во  пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 € / 7.380 ден 

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага ( околина)
  • Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Посета на Виена
  • Организација и водство на програмата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 175  мкд
  • Разглед на Прага со локален водич – 10
  • Факултативна посета на Карлови Вари со локален водич– 25
  • Крстарење со брод по Влтава – 15 
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 1550 ден

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање
  • За ова патување потребни се примени две дози и 14 дена од втората примена доза на вакцина, се признаваат следните вакцини Pfizer, Astra Zeneca, Johnson & Johnson, Moderna)
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register