Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

8ми декември Грац

8ми декември Грац

 
(0 Оцени)

Грац (Салзбург – Загреб) 2НП – Christmas Мarket

€135,00

Грац, втор по големина град во Австрија, главен град на Штаерската област, еден од најубавите градови на Австрија и една од неговите скриени тајни. Погледот од саат кулата Uhrturmпоставен на јужниот грбен на брдото Шлосберг кон барокните куќи и палати, со покриви од теракотае величенствен. Порано тоа беше Саат кулата а беше и дел од велелепниот Замок срушен од страна на Наполеон… Сјајот на илјадници светла, 15 Божиќни пазари на отворено, сцената од Христово раѓање во природна големина направена од мраз, огромната Божиќна елка со 25.000 светилки поставена на стариот плоштад, се само дел од единствената атмосфера во Грац која ќе Ве маѓепса. Уникатно во Австрија, сите 15 Божиќни пазари се на пешачка дистанца и лесно достапни. Совршена дестинација за овој период од годината !!!

 

Термин  09.12.2021

                      

01 ден 09.12.2021:  СКОПЈЕ – ГРАЦ: Состанок на групата на паркингот кај Борис Трајковски во 17.30 и поаѓање во 18.00 ч.  Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.      

02 ден 10.12.2021: ГРАЦ: Посета на Шопинг центар Seiersberg, пред Грац. Слободно време за шопинг и појадок. Патувањето продолжува накај Грац. По пристигнувањето, сместување во хотел.(во зависност од слободните соби во утринските часови. Сместувањето е стандардно после 14.00 ч).Краток одмор и заминуваме на прошетка низ центарот на градот.  Ќе ги видиме најзначајните знаменитости во срцето на Грац, кое е градено повеќе од 1000 години-зградата на операта,фонтаната посветена на Штаерскиот принц, автентичниот и фасцинанантен дел на стариот град кој е под заштита на УНЕСКО…Слободен ден за индивидуални прошетки и посета на Божиќните пазари. Ноќевање

03  ден  11.12.2021:  ГРАЦ – САЛЗБУРГ: Појадок. Слободен ден за посета на Божиќните пазари. Предлагаме факултативен целодневен излет до Божиќниот пазар во Салзбург. Прекрасна можност да прошетате низ тесните улици на градот сместен под старата тврдина. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.  Можност да влезете во градската Катедрала, родната куќа и музеј на Моцарт, пробате оригинални домашно направени Моцарт кугли….. Враќање во Грац во вечерните часови.     Ноќевање.

04  ден12.12.2021: ГРАЦ – ЗАГРЕБ :  Појадок. Поаѓаме кон Скопје со попатна посета на Божиќниот пазар во Загреб, кој неколку години по ред  е прогласуван за најдобар,  а градот Загреб ја носи титулата – најдобра дестинација за Божиќните празници во Европа. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.Пристигнување во полноќните часови или раните утрински часови наредниот ден.

 

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ: 135€ / 8.370 ден.

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
  • Посета на Божиќен пазар во Загреб
  • 2 Ноќевања со појадокво Грац, хотел со 3*
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  175 мкд,
  • Целодневна посета на Салзбург – 45
  • Туристичка такса2 €  по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • Доплата за еднокреветна соба: 3000 ден.
  • КОВИД 19 ПРОТОКОЛ :  За ова патување потребно е да се биде вакциниран со 2 дози со ( Астра Зенека / Фајзер / Модерна/ Џонсон,Синофарм/Синовак )

 

 

Плаќањето на факултативните излети е кај водичот на групата, во Австрија

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Седењето во автобус е според датумот на уплатата.

* Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од завршување на аранжманот.

 

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register