Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

EMILIA ROMAGNA 3НП( Ферара-Римини-Равена-Сан Марино-Парма-Модена-Болоња)

EMILIA ROMAGNA 3НП( Ферара-Римини-Равена-Сан Марино-Парма-Модена-Болоња)

 
(0 Оцени)

EMILIA ROMAGNA 3НП( Ферара-Римини-Равена-Сан Марино-Парма-Модена-Болоња)

€179,00

Емилија – Ромања: најбогата меѓу 20-те Италијански регии и една од најразвиените во Европа, спој на две покраини , Емилија и Ромања, во долината на најголемата Италијанска река По. Искористете ја можноста да ги посетите најубавите центри на регионот… Болоња, Ферара, Римини, Сан Марино, Равена, Парма и Модена и да ја уживате во убедливо најдобрите кулинарски специјалитети во Италија…

 

 

Термин 10 Октомври

1 ДЕН 10.10.2023 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 10 30 ч. Поаѓање во 11:00 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  11.10.2023  ФЕРАРА- РИМИНИ

Во утринските часови пристигнување во Ферара, еден од најголемите центри на уметноста во Италија во 16-отвек.Прошетка во стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансни градби а со својата убавина посебно се истакнува дворецот на властелинското семејството Д’Есте. Слободно време за испивање на утринското кафе… продолжуваме кон Римини.

 

Oчекувано пристигнување во  Римини во пладневните часови. Сместување во хотел . По сместувањето, слободно време за одмор… во попладневните часови заминуваме на факултативна прошетка низ стариот дел на градот … катедралата Tempio Malatestiano, изградена во 11-иот век, триумфалната капија, мостот на Тиберие… Слободно време за индивидуални прошетки…  Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.

 

 03 ДЕН 12.10.2023  САН МАРИНО – РАВЕНА

Појадок. По појадокот препорачуваме целодневен излет до Равена и Сан Марино. Во рамката на своите древни зидини, Равена ги чува богатите мозаички наследства, од кои повеќето датираат од 5-ти и 6-ти век… од тие причини ранохристијанските и византиските цркви и крстилници се признаени како дел од светското културно наследство на УНЕСКО . По пристигнувањето во Равена ќе го посетиме гробот на  Данте Алигиери, творецот на модерниот италијански јазик и автор на Боженствената комедија… ќе ја слушнеме и приказната за  највлијателниот италијански поет на сите времиња, прошетка до базиликата Сан Витале… Кафе пауза… Продолжуваме накај Сан Марино, по пристигнувањето прошетка до базиликата Сан Марина и Народната палата… слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови враќање во Римини. Ноќевање.

 

04 ДЕН 13.10.2023  ПАРМА – МОДЕНА :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до Парма и Модена. Парма е втор град по големина во регијата и е позната по производство на пармезан и шунка… Прошетка низ центарот на градот, плоштадот Гарибалди, романичката катедрала и крстилницата од 11 век… слободно време заиндивидуалниактивности и прошетки. Продолжуваме кон Модена, родниот градна светскимпознатиот тенор ЛучианоПавароти, нои како “престолнина на машини “, заради фабриките на најпознатите италијанскимпроизводители на автомобили како Ферари, Масерати, Пагани и Де Томасо. Прошетката започнува со стариот дел на градот и D’uomo-то , една од најубавите романички катедрали во Италија, кулата Ghirlandina, симболот на ривалството помеѓу Болоња и и Модена. Слободно време заиндивидуални активности. Препорачуваме посета на Ферари музејот… Во договорено време поаѓање за Римини. Ноќевање.

 

 

05 ДЕН 14.10.2023  РИМИНИ – БОЛОЊА- СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Задолжителна целодневна посета на Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна. Слободно време  за индивидуални активности и прошетки. Во  договорено време, состанок на групата и поаѓање накај македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

06 ДЕН 15.10.2023 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје во попладневните  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  25.08.2023 : 179€ / 11.100 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  199 € / 12.340 ден

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Римини , хотел 3*, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Попатна посета на Ферара

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
  • Прошетка во центарот на Римини (билет за јавен превоз не е вклучен во цената) (10€)
  • Екскурзија Равена и Сан Марино (30€)
  • Екскурзија Модена и Парма(50€)
  • Задолжителна посета на Болоња (30€)
  • Туристичка такса во Римини (2€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 4.500 ден
  • Доплата за избор на седиште 10€ (резервација исклучиво при уплата)

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register