НОВИ САД, СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ со посета на ТЕМИШВАР и БЕЛГРАД 20.10
НОВИ САД, СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
со посета на ТЕМИШВАР и БЕЛГРАД
Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србија. Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија. Нови Сад се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.
Темишвар е град во Романија. Тој е најголем град во Банат. градот кој го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт
Прв ден 20.10.2023 (Петок)
Поаѓање во 23:30 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
Втор ден 21.10.2023 (Сабота)
Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на градот кој е познат по своето вино. Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава и Карловачката гимназија.
Потоа се продолжува кон Нови Сад – разгледување на градот со локален водич. Посета на Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век,а изградбата траела 88 години .Ремек дело на тврдината е пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време . Смесување во хотел. Можност за факултативна вечера на Салаш.Ноќевање.
Трет ден 22.10.2023 (Недела)
Појадок.
Факултативен целодневен излет до Темишвар Романија. Пристигнување во Темишвар, организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас .Слободно време за шопинг.
Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови.
Ноќевање.
Четврти ден 23.10.2023 (Понеделник)
Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за Белград, разглед на градот со локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
Петти ден 06.03.2023(Понеделник)
Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.
Цена на аражманот:
За уплата до 15.09.2023 – 159 евра (9.900ден)
Редовна цена на аранжманот – 179 евра(10.900ден)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
– 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Нови Сад,
– Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад,
– Пешачки разглед со локален водич на Белград,
– Профисионален туристички придружник,
– Организација и реализација на патувањето,
– Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Целодневен излет до Темишвар -Романија 30 евра(миниум 35 патници),
– Вечера на традиционален Салаш(дополнително цена),
– Крстарење по Дунав и Сава 15 евра,
– Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта пасошот е потребен за факултативната посета на Темишвар;
Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
Уплата исклучиво во денари.
Локација
Галерија