Прага 2НП (Карлови Вари – Виена) – Октомври
Прага 2НП (Карлови Вари – Виена) – Октомври
€159,00
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.
Термин 11 Октомври
1 ден 11.10.2023: СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 10:00ч. Поаѓање на автобусот 10:30ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи
2 ден 12.10.2023: ПРАГА:
Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден 13.10.2023: ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Предлагаме посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки… Ноќевање
4 ден14.10.2023: ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…. Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден15.10.2023 : СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.08.2023: 159 евра / 9.860 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра / 11.100 денари
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје
- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
- Посета и разглед на Виена
- Организација и водство на програмата
- Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко здравствено осигурување 175 мкд
- Разглед на Прага со локален водич (15€)
- Факултативен излет Карлови Вари (40€)
- Крстарење со брод по В лтава (20€)
- Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма (40€)
- Туристичка такса 2 евра по лице на ден
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден
- НАПОМЕНИ
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
- Доплата за седиште по избор 10€ по лице ( резервација исклучиво при уплата)
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање
Локација
Галерија