Куќа „Дионисиос“ – Дионисиос
Куќа „Дионисиос апартментс“ – Дионисиос
Куќа „Дионисиос апартментс“ е лоцирана во мирен дел на Дионисиос, на само 2 км од Неа Модања. Оддалечена е на 50 метри од најубавата песочна плажа. Студијата и апартманите кои се наоѓаат на вториот и на третиот кат од куќата се целосно реновирани пред летото 2019 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата, странично и директно кон морето.
Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | 1 и 2 лице | 3 и 4 лице |
| 30.5 – 6.6 | 7 | 139 x 2 | 55 x 2 |
| 6.6 – 13.6 | 7 | 175 x 2 | 55 x 2 |
| 13.6 – 20.6 | 7 | 219 x 2 | 55 x 2 |
| 20.6 – 27.6 | 7 | 235 x 2 | 55 x 2 |
| 27.6 – 4.7 | 7 | 249 x 2 | 55 x 2 |
| 4.7 – 11.7 | 7 | 259 x 2 | 55 x 2 |
– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –
Цената е објавена за наем на студио или апартман за 7 ноќевања
| Термин | Ноќевања | Двокреветно
студио |
Трикреветно студио | Четирикреветен апартман |
| 11.7 – 18.7 | 7 | 455 | 560 | 665 |
| 18.7 – 25.7 | 7 | 525 | 595 | 735 |
| 25.7 – 1.8 | 7 | 560 | 665 | 770 |
| 1.8 – 8.8 | 7 | 560 | 665 | 770 |
| 8.8 – 15.8 | 7 | 560 | 665 | 770 |
| 15.8 – 22.8 | 7 | 525 | 630 | 700 |
Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | 1 и 2 лице | 3 и 4 лице |
| 22.8 – 29.9 | 7 | 255 x 2 | 55 x 2 |
| 29.8 – 5.8 | 7 | 239 x 2 | 55 x 2 |
| 5.9 – 15.9 | 10 | 239 x 2 | 55 x 2 |
| 15.9 – 25.9 | 10 | 209 x 2 | 55 x 2 |
– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –
Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
- За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
- Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3,100 денари (50 евра)
- За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
- Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 или на 10 ноќевања.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница (www.iguana.mk) е од информативен карактер.
- Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично
- Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување.
Локација
Галерија


















