Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Вила Геракина – Неа Врасна 2024

Вила Геракина – Неа Врасна 2024

 
(0 Оцени)

Вила ” Gerakina “- Неа Врасна 2024

Неа Врасна се наоѓа во залвот Strimonikos,карактеристична е по долгата песочна плажа,убавото море,многубројните таверни,ресторани и забавни паркови за најмалите.Мирниот одмор и долгите прошетки до Асправалта или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе кој ја сакаат прошетката со долги разговори.На оддалеченост од 60 км од Солун,Неа Врасна е дестинација за фамилијарен опуштен одмор,каде на само неколку стотици метри  се наоѓаае познатите маркети  Lidl I Masoutis и Diskont маркет .

Вила Геракина се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа во Неа Врасна. Вилата располага со двокреветни, трокреветни, четворокреветни  студија. Сите соби имаат комплетно опремени кујни и купатила. Користењето на климата е вклучено во цената. Wi – fi – бесплатно .

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.03.2024

5 % ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100 % ОД ЦЕНАТА ДО 01.04.2024

Пакет аранжманите изразени со * во ценовникот (мај,јуни и септември), не подлежат на попуст за рана резервација!

НАПОМЕНИ

    • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
    • Вонсезонските цени (со  *) се дадени  по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз.  За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 10 евра по лице .
    • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 2.790 денари (45 евра)
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
  • За деца до 11,99 години 2.170 денари (35 евра)
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 5 часот наутро  (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е 30 мин. пред времето за поаѓање . Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
    • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
    • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
    • Преземањето на собите е во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
    • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
    • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
    • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
    • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
    • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
    • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа во агенција .
    • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
    • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

    Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во  самата агенција.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register