Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Баскија 21 – 24.05.2026

Баскија 21 – 24.05.2026

 
(0 Оцени)
Main Info

🌊 Баскија – скриен бисер на Шпанија што освојува на прв поглед

📅 21 – 24.05.2026 | Групен аранжман

✈️ Летови:
🛫 21.05 Тирана 17:25 – 20:35 Сантандер
🛬 24.05 Сантандер 21:10 – 00:10 Тирана

🏨 Сместување во хотели:

  1. 🔸 Faranda Alisas 2★ – 399€
    🔗 https://www.choicehotels.com/en-uk/spain/santander/ascend-hotels/es111
  2. 🔸 Ibis Styles Santander 3★ – 429€
    🍽️ Доплата за појадок: 10€ по ден
    🔗 https://all.accor.com/hotel/C3X5/index.en.shtml

📅 Програма по денови

📍 21.05 – Тирана – Сантандер

По пристигнувањето во Сантандер, обезбеден е трансфер до хотелот.
По check-in, остатокот од вечерта можете да го поминете во прошетка.


📅 22.05 – Сантандер – Билбао

По појадок, со водич ве водиме во срцето на Баскија – градот кој стана симбол на модерна Шпанија и еден од најинтересните урбани центри во Европа – Билбао.

Некогаш индустриски град, денес Билбао е пример за совршена трансформација – место каде традицијата и современата уметност се спојуваат.

По пристигнување следува разглед:
🔸 Guggenheim Museum Bilbao – импресивно архитектонско дело од титаниум, симбол на градот
🔸 Прошетка низ стариот дел Casco Viejo – тесни улици, плоштади и традиционални барови

🕒 Слободно време за:
✔️ локална кујна
✔️ сувенири
✔️ познатите баскиски залчиња – pintxos

➡️ Враќање во хотел во вечерните часови


📅 23.05 – Сантандер – Сан Себастијан

По појадок, посета на еден од најубавите градови во Шпанија – Сан Себастијан.

Град познат по:
✨ спектакуларно крајбрежје
✨ врвна гастрономија
✨ елегантна атмосфера

Разглед на градот:
🔸 La Concha Beach – една од најубавите плажи во Европа
🔸 Стариот дел Parte Vieja – автентични барови и ресторани

📍 Препорака:
🔸 Monte Igueldo – панорамски поглед на целиот залив

🕒 Слободно време за ручек, прошетка или релаксација покрај море

➡️ Враќање во вечерните часови


📅 24.05 – Сантандер

По појадок следува разглед на Сантандер со водич.

Градот бил омилено летувалиште на шпанското кралско семејство, што се гледа во неговата архитектура.

🔸 Palacio de la Magdalena – поранешна кралска резиденција
🔸 El Sardinero плажа – една од најубавите во регионот

Сантандер е познат по:
✔️ мирна атмосфера
✔️ чисти улици
✔️ совршен спој на природа и елеганција

➡️ По разгледот, трансфер до аеродром

✈️ Лет Сантандер – Тирана во 21:20


✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

✔️ Трансфер аеродром – хотел – аеродром
✔️ Повратни авионски билети со аеродромски такси
✔️ Рачен багаж до 10 kg (40×25×20 cm, флексибилен)
✔️ Хотелско сместување (со појадок )
✔️ Локален водич на македонски јазик
✔️ Организациски трошоци


❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

• Факултативни излети и влезници

Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
• Патничко и здравствено осигурување (2 € на ден)

✔️ Организиран трансфер од Скопје до аеродром Тирана и назад ( 50 € од лице )

🚗 Самостојно патување со автомобил до Тирана и назад
За патниците кои избираат да патуваат со сопствено возило, паркингот на аеродромот во Тирана чини приближно 3 евра на ден.


🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

• Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
• Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
• Распоредот на седишта го одредува агенцијата
• Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
• Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок

⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.

За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на македонски/српски јазик.

ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register