Кипар 19-23.10.2026
Директен лет од Скопје– Ларнака
• 4 дена / 3 ноќевања
19.10 Поаѓање
- Скопје 18:55ч – 22:05ч Ларнака
.23.10 Враќање
- Ларнака 23:35ч – 01:00ч Скопје ( 24.10 )
СМЕСТУВАЊЕ
Cosmelenia Apartments 3★ – 299 € без доручек
Линк до хотелот: https://www.cosmelenia.com.cy/en/
2. Најдобар однос цена–квалитет:
Fedrania Gardens Hotel 2★ – 315 € без појадок / 350 € со појадок
Линк до хотелот: https://fedraniahotel.com/The-Hotel
3. Наша препорака:
Corfu Hotel 4★ – 330 € без појадок / 369 € со појадок
Линк до хотелот: https://www.corfuhotel.com.cy/
20.10. ЛИМАСОЛ, ПЛАЖАТА НА АФРОДИТА И ГРАДОТ ПАФОС
По појадокот, следува целодневен факултативен излет до Лимасол и Пафос.
На пат кон Пафос, првата станица е Лимасол, каде е предвидена пауза за кафе на прекрасната шеталишна променада и познатата Limassol Marina.
Патувањето продолжува низ живописни насади со лимони и портокали, покрај средновековната тврдина Колоси, а потоа следува посета на античкиот грчки град Курион, едно од најзначајните археолошки наоѓалишта на Кипар.
Продолжуваме низ британските воени бази до легендарната Плажа на Афродита (Petra tou Romiou), местото каде, според митологијата, од морската пена се родила божицата на љубовта Афродита. Предвидена е пауза за одмор, фотографирање и уживање во погледот кон познатата карпа на Афродита и кристално чистото море.
Потоа пристигнуваме во Пафос, град кој е под заштита на УНЕСКО и е богат со бројни историски и културни знаменитости. Ќе ги посетиме Катакомбите на Свети Соломон и Црквата на Свети Павле, а потоа следува обиколка на Куќата на богот Дионис, позната по своите извонредно сочувани антички мозаици кои ја прикажуваат богатата грчка митологија и историја.

21.10. ЛАРНАКА / НИКОЗИЈА
По појадокот во хотелот, следува целодневен факултативен излет до Ларнака и Никозија.
Најпрво пристигнуваме во Ларнака, каде ќе ја посетиме една од најстарите цркви на Кипар – Црквата Свети Лазар, едно од најзначајните православни светилишта на островот. Потоа следува кратка прошетка по познатата палмова променада Финикудес (Palm Boulevard) во центарот на Ларнака.
Патувањето продолжува кон Никозија, единствениот главен град во светот кој е поделен на два дела. По пристигнувањето ќе го посетиме Археолошкиот музеј, каде се изложени богати археолошки експонати што сведочат за повеќе од 9.000 години историја на Кипар.
Потоа следува прошетка низ стариот дел на градот, познат по бројните продавници за сувенири, накит и локални производи, каде ќе имате слободно време за шопинг или уживање во некое од многубројните кафулиња и ресторани.
По слободното време, продолжуваме кон центарот на Никозија, каде ќе прошетаме по главната улица до познатата Зелена линија, граничниот премин што го дели градот на грчки и турски дел. Следува посета на Катедралата Свети Јован, како и разгледување на Споменикот на независноста.
Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

Напомена: Планот на програмата и излетите е подложен на промени и зависи од бројот на пријавени. Најдоцна 7 дена пред патувањето ќе биде објавена финалната програма со прецизни термини и план на разгледувања по денови.

22.10. ПЛАНИНАТА ТРООДОС И МАНАСТИРОТ КИКОС
По појадокот следува целодневен факултативен излет до планината Троодос и познатиот манастир Кикос, кој ќе ве одведе низ најзелените и најживописните предели на Кипар.
Ќе ја откриете поинаквата страна на островот – величествената планина Троодос, каде ве очекуваат свеж планински воздух, прекрасни пејзажи и традиционални кипарски села кои изгледаат како да излегле од разгледница. Овој излет е совршена комбинација од природа, култура и автентична локална атмосфера.
За време на излетот ќе посетите:
- Традиционални кипарски села, како Омодос или Какопетрија, познати по камените куќи, тесните калдрмисани улички и локалните занаети.
- Манастирот Кикос, најпознатиот и најбогатиот православен манастир на Кипар, основан во XI век, каде се чува чудотворната икона на Пресвета Богородица, која според преданието е насликана од Свети Лука.
- Планинските предели на Троодос, со густи борови шуми, лозја и спектакуларни панорамски погледи кон долините и околните села.
- Локални специјалитети, со можност за дегустација на традиционални кипарски вина, маслиново масло, домашни слатки и сирења.
Овој излет не е само разгледување – тоа е можност да го доживеете вистинското срце на Кипар, далеку од туристичката врева, во природа, мир и автентична традиција.
Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.
НАПОМЕНА:
Очекуваната цена на факултативните излети изнесува 50 € по лице, за секој излет. Цената е информативна и може да биде предмет на мала промена во зависност од бројот на пријавени патници.

23.05. КИПАР – СКОПЈЕ
По појадокот и одјавувањето од хотелот, преостанатото време до трансферот кон аеродромот можете да го искористите за слободни активности.
Кипар е остров кој нуди безброј можности, па и последниот ден може да биде исполнет со прекрасни доживувања.
Наши препораки:
За љубителите на морето:
- Поминете неколку часа на прекрасните песочни плажи во Аја Напа или Протарас, уживајте во тиркизното море и опуштете се со освежителен пијалак покрај брегот.
За љубителите на историјата и културата:
- Посетете некој од локалните музеи, археолошките локалитети или скриените манастири во внатрешноста на островот.
- Прошетајте низ стариот дел на Ларнака или Никозија и откријте автентични кафулиња, локални бутици и продавници за сувенири.
За гурманите:
- Уживајте во традиционален кипарски ручек – познатото мезе, составено од повеќе локални специјалитети, свежа риба и чаша домашно кипарско вино.
- Посетете семејни винарии и маслинарници, каде ќе можете да дегустирате локални вина и маслиново масло.
Во договореното време следува трансфер до аеродромот, лет за Скопје и завршување на аранжманот.
Сè што ви останува се спомени, а сè останато е веќе организирано.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
Цената вклучува:
- Трансфер аеродром аеродром – хотел – аеродром
- Повратни авионски карти со аеродромски такси
- Рачен багаж од мек материјал – ранец или торба до 10 kg, 40x30x20 cm
(може да биде и со малку поголеми димензии, доколку е флексибилен и може да се смести во калап на аеродромот) - Хотелско сместување ноќевање со појадок
- Локален водич на србски или македонски јазик
- Организациони трошоци
Цената не вклучува:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локални градски такси (се плаќаат на рецепција во хотелот)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување – 8 € (задолжително)
НАПОМЕНИ:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!
Локација
Галерија
