Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Крф – Велигден

Крф – Велигден

 
(0 Оцени)
Крф – Велигден
Ipsos Krf Grcija
Програма на патување:
1. Ден 02.05.2024 (четврток)  СКОПЈЕ – КРФ
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните) околу 22 – 23 часот. За точно време на поаѓање кон островот Крф патниците ќе добијат информации ден пред поаѓањето, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности.
 
2. Ден 03.05.2024 (петок) ИГУМЕНИЦА – КРФ – ИПСОС 
Во раните утрински часови пристигнување во Игуменица. Качување на брод траект и пловидба на релација Игуменица – Крф. Пристигнување на Крф и сместување во апартманите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф попладне околу 17:00 часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот. По завршувањето на овие настани, групата се враќа во сместувањето, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.
3. Ден 04.05.2024 (сабота) ИПСОС – КРФ -ИПСОС
Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.
Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Во договорено враќање во сместувањето.
Во вечерните часови поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава,односно Христовото Воскресение. На полноќ,илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Во договорено време враќање во сместувањето. Ноќевање.
4. Ден 05.05.2024 (недела) ИПСОС-ПАЛЕОКАСТРИЦА-ИПСОС
Овој ден е предвиден за прошетка низ Крф. Ги посетуваме Палеокастрица, фабриката Василакис, Kaнони и палатата Мон Репос.
Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.
Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.
Потоа се упатуваме кон Канони-едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина.
Последното попатно застанување со автобусот е паркот на принцот Филип-Мон Репос.
Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.
Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
5. Ден 06.05.2024 (понеделник) ИПСОС-ИГУМЕНИЦА-СКОПЈЕ
Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија патниците имаат слободно време. Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.
Цена за резервации до 31.03.2024 – 129€/7.998мкд
Редовна цена на аранжманот 139€/8.618мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
 
Во цената на аранжманот е вклучено: 
– Автобуски превоз Скопје-Игуменица-Скопје
– Студиско сместувње на база 3 ноќевања
– Билет за траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
– Лиценциран туристички придружник
– Целосна организација и координација на програмата
Во цената на аранжманот не е вклучено: 
– Факултативни посети
– Туристичка такса која се плаќа на лице место
– Индивидуални трошоци за храна, влезници и сувенири
Посета на Палеокастрица, Канони, Mon Repos, фабрика за локални органски производи
Цена за пакет: 40€
Канони има име кое потекнува од стариот топ што се наоѓа на врвот на ридот. Овој рид е полн со бујно зеленило и има многу луксузни хотели и локални вили. На неколку чекори надолу по ридот од Канони ќе наидете на малата црква Panagia Vlacherna. Тесен 300 метарски пешачки премин го поврзува островот со црквата. Конструирана во 17ти век, оваа прекрасна капела внатре крие импресивни резбани иконостаси од дрво и прекрасни фрески. Рибарски бротчиња заминуваат често од црквата и одат до легендарниот остров на Глувчињата, кој се наоѓа на само 5 минути возење со брод.
Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.
Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.
Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.
Напомени: 
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register