МАЛТА | ГРУПНО ПАТУВАЊЕ 06 – 09.11.2026
Директен лет од Скопје– Малта
• 4 дена / 3 ноќевања
06.11 Поаѓање
- Скопје 13:10ч – 15:00ч Малта
.09.11 Враќање
- Малта 15:35ч – 17:15ч Скопје
СМЕСТУВАЊЕ
Хотел: Blubay Apartments 3* Одлична локација.
269€ без појадок
Линк до хотелот:https://blubayapartment.com-malta.com/ Хотел: Bayview 3* Одлична локација.
299€ со појадок
Линк до хотелот: https://sthotelsmalta.com/siteminder/bayview-hotel/
06.11. – Излет: Валета и Three Cities (култура + историја)
По слетувањето следи трансфер до хотелот. После тоа одиме до Валета да го фатиме најубавиот залез на сонцето во светот– град кој зрачи со историја.
Прошетката започнува низ главниот град, кој е вистински музеј под отворено небо. Ќе ја посетите катедралата St. John’s Co-Cathedral и ќе ги видите ремек-делата на Караваџо, ќе уживате во погледот од Upper Barrakka Gardens и ќе го почувствувате духот на витезите од пред 500 години.
Разгледот трае околу 4 часа.

07.11– Mdina, Rabat, Dingli Cliffs и Popeye Village (целодневна тура)
По појадок, следи целодневен излет низ четири уникатни локации:
Mdina – Тивкиот град
Стара престолнина со тесни камени улички, барокни палати и неверојатни панорами. Атмосфера како од филм (овде се снимала и „Game of Thrones“).
Dingli Cliffs – највисоката точка на Малта
Импресивни карпи над морето – совршено место за фотографии и уживање во природата.
Popeye Village – бајковито село
Поранешен филмски сет, денес тематски парк со шарени куќички и уникатна атмосфера.
Цена: 65€ (вклучен билет за Popeye Village)

Напомена: Планот на програмата и излетите е подложен на промени и зависи од бројот на пријавени. Најдоцна 7 дена пред патувањето ќе биде објавена финалната програма со прецизни термини и план на разгледувања по денови.

08.11. –.Автентична Малта / Virgo, Marsaxlokk и Blue Grotto

Овој ден е посветен на вистинската Малта.
Virgo
Овој ден е резервиран за откривање на автентичниот дух на Малта преку посета на нејзините најпознати и најшармантни села. Прва станица е Virgo, живописно село познато по својата традиционална архитектура и мирна медитеранска атмосфера. По кратка пауза за кафе, продолжуваме кон Marsaxlokk
Marsaxlokk
Познатото рибарско село чии шарени чамци luzzu се еден од најпознатите симболи на Малта. Тука ќе направиме пауза за ручек и ќе уживаме во погледот кон пристаништето. По обиколката на селото, тргнуваме на крстарење до познатата Blue Grotto
Blue Grotto
Импресивни морски пештери познати по тиркизно сината боја на морето. Идеална прилика за фотографии и доживување што се памети.
Цена: 50€
Крстарење со Blue Grotto дополнително 12 €
Забелешка: Цената на екскурзијата, во зависност од бројот на регистрирани патници, може да варира од 5 до 10 €

09.11. – Враќање
По завршување на програмата следи трансфер до аеродромот во Малта
Директен лет Малта– Скопје: 15:35ч предвидено време за летот
Сè што ви останува се спомени, а сè останато е веќе организирано.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.


Цената вклучува:
- Трансфер аеродром Малта – хотел – аеродром
- Повратни авионски карти со аеродромски такси
- Рачен багаж од мек материјал – ранец или торба до 10 kg, 40x30x20 cm
(може да биде и со малку поголеми димензии, доколку е флексибилен и може да се смести во калап на аеродромот) - Хотелско сместување ноќевање со појадок
- Локален водич на србски или македонски јазик
- Организациони трошоци
Цената не вклучува:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локални градски такси (се плаќаат на рецепција во хотелот)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување – 8 € (задолжително)
НАПОМЕНИ:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!
Локација
Галерија
