Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipis cing elit. Aenean commodo ligula eget dolor. Aenean massa. Cum sociis theme natoque

Следете не
ГОРЕ

Вила Стела – Неа Флогита 2025

Вила Стела – Неа Флогита 2025

 
(0 Оцени)

Вила  СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето  на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море. Апартманот е 6-креветен на први спрат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен  и единечен кревет од која се излегува на тераса, купатило, дневна соба со три единечни кревети, во истата просторија е кујната – опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса со поглед на море. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Користење на клима уредот е вклучено во цената.

Туристичката такса се плаќа во агенцијата –  2 од ноќ.

GPS координати : 40.25702, 23.22285

 

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање

                              

Цените се за наем на апартман

Термини Бр. ноќевања 1/6 Апартман
24.05.2025 7 170 промо
31.05.2025 7 250
07.06.2025 7 350
14.06.2025 7 450
21.06.2025 7 550
28.06.2025 7 600
05.07.2025 7 700
12.07.2025 7 750
19.07.2025 7 750
26.07.2025 7 780
02.08.2025 7 780
09.08.2025 7 750
16.08.2025 7 750
23.08.2025 7 600
30.08.2025 7 550
06.09.2025 7 460
13.09.2025 7 350
20.09.2025 7 200

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 7% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.790 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

 

Услови под кои важи аранжманот:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Локација

0.0
Рејтинг 0
Комфорт 0
Појадок 0
Услуга 0
Хотел 0

Оставете коментар

You don't have permission to register